Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Сета љубов на светот - Марија Луис Фишер

Автор 
Оцена
(69 оцени)

Сета љубов на светот - Марија Луис Фишер

Деновиве прочитав неколку книги од Марија Луис Фишер, но оваа книга дефинитивно ми остави најголем впечаток... Се работи за еден трилер и секако, романса истовремено, но повеќе преовладува трилер атмосферата која во текот на овие 300 страни постојано ве држи во неизвесност.

Одлично книгиче, морам да кажам...

Елен Кроне е една прекрасна, нормална жена која штотуку влегла во својот нов живот, бракот со нејзиниот сакан и преубав маж, Петер.

Тие премногу се сакаат и идеално функционираат заедно до еден одреден момент кога работите го менуваат својот тек...

Елен Кроне ја прифаќа позиција да биде поротник во судењето за убиството на Анабела Милер која е отруена, а за тоа е обвинета Карола Грос. Во првите неколку дена сите работи се одвиваат нормално и Елен е пресреќна поради возбудата која ја добива од судењето.

Но по неколку дена, во еден стар фотоалбум, Елен наоѓа фотографија од нејзиниот сопруг, Петар, во друштво на убавата и заводлива Анабела. Одеднаш Елен сфаќа дека Петар знае повеќе...

Оваа книга ми се допадна затоа што истовремено уживав во романтичните делови од приказната, а сепак не можам да кажам за истата дека е некоја најобична и лесна книга која ќе ја заборавите за неколку дена или недели... Најголемиот дел од дејствието се одвива во судницата, притисокот од испрашувањата, слепите замки во кои обвинетите самите се ставаат, прекрасно...

Ми пополни две вечери, ми го зема целото внимание и откако ја оставив можеш да дадам само позитивна оцена! Моето мислење за Фишер иако не беше воопшто лошо пред оваа книга, сега е однесено во сосема друг правец.

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Навистина не постои роман од Фишер што нема да ви се допадне!

    0 Like
  • Најубавата книга што досега ја имам прочитано...

    0 Like
  • Заедно со Бегство од харемот,најубавата книга од Фишер.Имам цел комплет од мајка ми на српскохрватски и сите ги прочитав.Упер се.

    0 Like
  • Гостин - Marija

    ne postoi poubavo nesto

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter