Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Враќањето на старинарот - Ог Мандино

Автор 
Оцена
(48 оцени)

Враќањето на старинарот - Ог Мандино

Враќањето на старинарот од Ог Мандино, е продолжение на светскиот бестселер Најголемото чудо на светот. И оваа книга е во вид на автобиографски записи на авторот, во кои повторно се среќава на долгокосиот старинар Сајмон Потер.

Оваа книга зборува за повторното стекнување на изгубеното самопочитување и довербата.

Тоа што го мотивирало Мандино, повторно да пишува за мистичниот старец, биле огромниот број писма кои ги добил по објавувањето на Најголемото чудо на светот, повеќе отколку за сите други книги претходно објавени заедно. Единствен начин да дознаете што е тоа што инспирирало толку голема маса на луѓе ширум светот е да ги прочитате овие книги.

Еве неколку цитати од книгата, кои посебно ми се допаднаа:

Најдобриот начин да се мотивирам себеси за некоја тешка задача или предизвик, е тоа да си ветам награда, но дури откако ќе завршам на мое задоволство.

Направивме восхитувачки напредок во медицината и науката, во транспортот, па сепак многу малку или ништо знаеме за тоа како подобро да се согласуваме со нашите соседи или за тоа на кој начин мораме да размислуваме или постапуваме во намерата на својот живот да го подобриме на подобро.

Водиме толку напнат и неизвесен живот, што, загрижени за сопственото добро, забораваме на две важни групи луѓе, на оние младите и старите.

Времето и осаменоста, би можеле да се покажат како највреден имот на секој од нас, во оваа безглава трка кон дваесет и првиот век.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter