Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Алеф - Пауло Коелјо

Автор 
Оцена
(55 оцени)

Алеф

„Ме обзема сомнеж, особено за мојата вера.“

„Ако. Тоа е сомнеж што го движи секој човек напред.“

Веќе подолго време Коелјо има чувство дека ништо од она што го научил не пуштило корени и иако е способен да влезе во магичниот универзум, не може да се задржи во него. Сомнежот околу неговата вера навлегува подлабоко, а потрагата по мудроста и духовниот мир му станува рутинска и бесмислена. Гледајќи според сè треба да е среќен човек бидејќи е успешен во својата професија, женет со жената што ја сака, има добро здравје, опкружен е со луѓето што го сакаат и им верува. Сето тоа некогаш му било доволно но сега, сега како ништо да не го исполнува и постојано се прашува зошто оди понатаму ако веќе ги достигнал своите граници?

Постојано се убедува дека не е време да започне ново патување.

Од разговорот со неговиот учител, кој го нарекува Џ, сфаќа дека може да ја смени својата иднина со тоа што ќе го внесе минатото во сегашноста. Она што го направил во минатото не влијае на сегашноста, но тоа што го прави во сегашноста ќе го искупи минатото.

Бидејќи постојано е во потрага по она што го оставил недовршено, време е да тргне на своето трето свето патување.

На Саемот на книга во Лондон импулсивно одлучува да оди во посета на повеќе земји кои ги издале неговите книги меѓу кои и Русија. А кога ќе пристигне во Русија две недели ќе патува со воз, бидејќи веќе долго време сонувал да ја пропатува цела Русија со воз. На тоа патување ја запознава Хилал, успешна виолинистка, жена која се чувствува обврзана да направи нешто за него, како би ја исполнила својата мисија и сигурна е дека ова патување со него ќе промени многу нешта. Но што?

Овојпат Коелјо, во овој негов роман, го започнува ова патување за да се врати назад во минатото, до своите корени, во некој од претходните негови животи и да успее да добие прошка од жената којашто ја сакал и ја повредил пред пет векови.

Меѓу другото сфатив и дека ние секогаш размислуваме за тоа што сме го направиле, како тоа што сме го направиле можело да биде подобро, за последиците од тоа што сме го направиле и зошто не сме постапиле правилно. Ако не сме преоптоварени со некое од тие прашања ќе размислуваме за иднината, што ќе правиме утре, какви опасности нѝ претстојат, како да ги избегнеме и да го добиеме тоа што го сакаме... Постојано сме преокупирани со нешто, незадоволни, но во животот има само еден сегашен миг и треба да се живее!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter