Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Живот за живот - Сара Зар

Автор 
Оцена
(30 оцени)

Џил МекСвини посакува само сѐ да може да се врати во нормална состојба.

Но по смртта на татко ѝ, нејзиното огледало, човекот кој цел живот ја учел како да биде подобра личност, таа повеќе нема желба за ништо и едноставно се оддалечува од сите кои сакаат да ѝ помогнат: нејзиното момче, нејзините пријатели, нејзината мајка... И сега, кога мајка ѝ одлучува да посвои бебе, таа се чувствува гневно поради обидот еден живот да се замени со друг, бидејќи, се разбира, никој и ништо не би можел да го замени татко ѝ - сонцето на нејзиниот живот.

Гневна на животот, намуртена, заворена и цинична, иако сите овие звучат како негативни карактеристики, Џил е лик кој ќе ви прирасне за срце и чија болка ќе ја разберете и почувствувате.

Менди Калиновски знае како е да пораснеш без никој да те сака, со мајка која никогаш не сакала да има дете. Па кога останува трудна, таа е сигурна во една работа, дека сака подобар живот за своето дете. Но дали постои некаква шанса таа некогаш да најде подобар живот за себе, бидејќи, ако сме реални, таа и самата сѐ уште е дете? Ќе најде ли некогаш некој кој ќе се грижи за неа?

Раскажана низ два гласа, преку циничната и саркастична Џил и наивната и отворена Менди, оваа книга е богата таписерија на емоции која ќе ви го заскокотка, но и стегне срцето...

Би сакала да издвојам неколку омилени извадоци од книгата кои навистина ми се допаднаа и ме погодија:

Таа би требало да знае дека децата не се сунѓери кои примаат само љубов. Тие примаат и впиваат сѐ што ќе им биде дадено. Целиот мој живот е едно големо прекршено ветување. - Менди

Одам во дневната соба, вадам еден диск од колекцијата на татко ми, пуштам музика и легнувам на подот со далечинскиот управувач во рака. Електричната гитара почнува да свири. Тоа е сѐ што треба за да се изгубам. Една од омилените песни на татко ми, кутија хартиени марамчиња и јас. Со оглед на гласната музика, воопшто не сум изненадена што не сум ги слушнала мајка ми и Менди додека влегувале. Ме наоѓаат како лежам на подот и ја слушам „Обиди се со малку нежност“ по дваесет и први пат, опкружена со куп мокри марамчиња, очите сѐ уште покриени со очилата за сонце, главата покриена со качулката од дуксерот. Брзо станувам, ја исклучувам музиката и ги фрлам марамчињата во каминот. Сакам да ѝ кажам на Менди да се изгуби и да нѐ остави на мир, но не можеш да ја слушаш Обиди се со малку нежност саат време едно по друго, а потоа да му се развикаш на некого. И дефинитивно не можеш да го направиш тоа кога и мајка ти почнува да плаче и доаѓа накај тебе со раширени раце. - Џил

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2013 година
  • Број на страници: 290 страници
  • Цена на книгата: 350 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Навистина ми се допадна! Двете девојки на некој начин се спасуваат помеѓу себе! Прекрасен избор Ивана! Само продолжи така!

    0 Like
  • Иако во книгава нема ништо страшно драматично, мене исто така многу ми се допадна и некако посебно ме погоди. Ликовите ми беа многу мили, секој на свој начин, а додека ја читав имав некое топло, тажно чувство кое на моменти и ме расплакуваше. Баш ми е мило што ти се допаднала;)

    0 Like
  • Гостин - Ана М.

    Убава книга. Не е од оние, кои мене лично, ме оставаат без здив и не можам да ги испуштам од раце. Но, сепак, станува збор за една лесна и интересна приказна за читање. Нешто свежо, за оние попладниња или летни вечери кога човек сака да прочита нешто што ќе го релаксира, а од друга страна и заинтригира... што понатаму... што ќе биде со Џил, а што со Менди... како ќе постапат, какви избори во животот ќе направат... како јас би постапил/а на нивно место, ова им чини, па ова не им чини...

    Главните ликови, Џил и Менди - секоја е посебна и единствена. Буквално, ти се приближуваат до срцето, со нивните животни приказни. Повредени од она што им го поставила судбината како такво, се пронаоѓаат во вистинско време и на вистинското место. Менди, со своето вечно сонување, копнеење и оптимизам ќе успее да го стопи тврдото срце на Џил од кое извираат најсилни емоции.

    Поздрав до СакамКниги за убавиот избор на книги (барем според она што до сега го имам прочитано од вас)! !

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter