Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Плажа - Алекс Гарланд

Автор 
Оцена
(32 оцени)

Плажа - Алекс Гарланд

Наоѓањето на рајот има своја цена...

Ричард е турист, вечен патник кој постојано се движи од земја во земја. При неговата прва вечер во Банкок, првата станица во Индокина за ордите млади Европејци со ранци, тој го запознава интригнатниот и помалку лудиот господин Патор кој таа вечер се самоубива. Пред да се самоубие му остава на Ричард мапа. Мапа до таинствен остров, на кој се наоѓа легендарната Плажа...

За неа се претпоставува дека е самиот земски рај. Скриена лагуна со бел песок и корални градини, водопади во џунглата, растенија недопрени илјадници години.

Ричард заедно со новостекнатите пријатели двојката Франсоаз и Етјен тргнува во потрага по Плажата. Таму живее група избрани луѓе сокриена од налетот на цивилизацијата. Но, плажата не е онаква како што сите ја замислуваат...

Наскоро сѐ ќе тргне наопаку...

По оваа книга е снимен и филм во 2000 година со Леонардо ди Каприо во главната улога.

 

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • филмот сум го гледала,ме измами улогата на Леонардо Ди Каприо,ништо посебно и помалку застрашувачка

    0 Like
  • Книга која ќе ве однесе на најубавиот рајски остров кој изгледа недопрен од човечката рака, но само однадвор. Вистинската слика е дека тоа е само обично дувло на криминалци кои бегаат од законот.

    0 Like
  • Покрај прекрасните пејзажи во филмот ништо друго не ми се допадна, а поради тоа и книгата не ја читав! Сепак како љубител на книгите ќе и дадам шанса...

    0 Like
  • Препораките кои ги добив за оваа книга беа воздржани. Случајно погледнав дел од филмот, но секогаш предност им давам на книгите. Ја прочитав и ми се допадна. Ја препорачувам на сите љубители на авантуристички романи и оние кои сакаат возбудливи сцени и прекрасни островски пејзажи.

    0 Like
  • Филмот е луцидно привлечен а саундтракот е боженствен!

    0 Like
  • Филмот познат е можеби по улогата на Леонардо Ди Каприо.Занимација во слободно време, мала авантура тоа е се од филмот.

    0 Like
  • Книгата ја немам прочитано, но филмот, и покрај прекрасниот Ди Каприо во главната улога, не ми го задржа вниманието, т.е. ми беше и повеќе од неинтересен. Сепак, за книгата останува до проценам откако ќе ја прочитам...којзнае, може и да се изненадам:))

    0 Like
  • Ја земав книгава за на плажа... Насловот ме привлече, а и сметав дека штом има филм со Леонардо Ди Каприо мора да е добра, ама книгата е страшно досадна, нема никакво дејство. Во тие 500 страни има одвај 20 страни каде што се случува нешто.

    0 Like
  • Гостин - Ива

    Книгата е нешто поразлично, авантуристичко, смело. Оваа книга е екстремно добра!

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter