Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

До Крај - Лаура Кеј

Автор 
Оцена
(5 оцени)

Животот знае сурово да те изненади и тоа кога најмалку очекуваш. На пет поранешни војници во специјалните единици им одзема три од најважните работи во нивниот живот. Нивните имиња, нивната репутација и нивната чест.

Пред една година, нивните животи се променети од темел, после последната нивна мисија, предоводена од нивниот командант Мерит. После една година, непревидливи  настани повторно ги спојуваат заедно, на едно место, минатото не спие и не мирува, а тие духови ги будат Бека и Чарки – ќерката и синот на командантот Мерит. Овој пат, овие пет војници тргнуваат на еден опасен и мрачен пат, пат кој ќе ги води конечно да ги исчистат своите имиња, нивната репутација и нивната чест, а на тој пат им стои озогласената и брутална Балтиморска мафија.

Шејн е еден од тие војници – тој исто така е човек кој никогаш нема да му го сврти грбот на свој пријател, па затоа му помага нему и на неговите пријатели во таа нова, опасна и надвор од радарот операција.

Спасувајќи го братот на Бека, Чарли, уште од првиот момент кога ќе зачекори во клубот кој е во посед на Балтиморската мафија, Шејн ќе налета на Кристал – које е келнерка во тој клуб, воедно личност која ќе успее да се пробие низ неговите внатрешни одбрани.

Заради здравјето и заштита на својата помала сестра – Кристал не си дозволува да се приближи премногу блиску до Шејн, сè до оној момент кога нејзината работа и неговата мисија ќе се судрат и испреплетат.

Шејн се труди, но не може да се оддалечи и да замине од Кристал и знае дека таа крие некои тајни за кои не сака тој да дознае. Но, Шејн е тврдоглав и упорен, тој е оној - со сè што има - кој ќе ги заштити нејзината сестра, нејзиното срце и живот. Сè што треба да направи е да ја убеди Кристал дека кога конечно ќе го пронајдеш она вистинското, се држиш цврсто за него и никогаш не го пушташ – се бориш до крај!

Ова е една од оние приказни каде што цело време навиваш за главните ликови и ги доживуваш сите тие емоции од страниците.

Шејн – лојален, праведен, упорен, заштитник, внимателен – таков прекрасен карактер за кој не можеш, а да не го сакаш. Уште од првите страници на еден тивок и ненаметлив начин ќе го пронајде патот до вашето срце.

Кристал – се восхитувам на оваа жена, еден од најјаките ликови за кои имам читано. Таа има тајни, но исто така, освен што има надворешни болни траги, оние лузни кои ги носи на срцето и душата се уште поголеми, лузни кои ќе се залечат со љубовта и нежноста на Шејн.

Овие двајца ликови се борци, борци кои преживеале пекол и се воздигнале од пепелта како феникс.

Ова е втора книга од серијалот Hard Ink, но може да се чита самостојно; писателката мошне добро,на убав,разбилив и краток начин ни ги опишува настаните од претходната книга и ништо не пропуштате.

Емоционална,одлична приказна која ќе ве освои уште од првиот момент!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter