Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Марија Најдова

Марија Најдова

Бидете она за што сте предодредени

Пред да почнам да кажувам било што за авторот или книгата, сакам да кажам дека ова е најинспиративното нешто што сум го прочитала! Немав слушнато ништо за Брајан Соуза пред да ја купам книгава и морам да кажам дека дефинитивно сум направила добар избор.

„Дали некогаш се чувствувате исцрпено, изморено или просто ви здосадува од едноличното секојдневие и ќе се запрашате: Дали е ова сè што ми нуди животот? Дали некогаш се чувствувате заробени во работата која не ве исполнува и не ве прави среќни? Дали некогаш се запрашувате дали го работите она што треба да го работите – дали одите кон целта на својот живот? Ако е така не сте единствени.“ Со овие зборови Брајан Соуза нè воведува во неговата животна приказна.

Премногу се радувам што имам чест и јас да напишам статија за една книга од можеби омилениот автор на странава - Николас Спаркс. „Кривина на патот“ е една исклучителна, уникатна, емотивна книга, чие дејство како и повеќето книги на Спаркс се случува во Северна Каролина во малиот град Њу Берн.

Ова е сè на сè љубовна приказна обвиена во трагедија, но во исто време и приказна на простувањето, нешто во што ќе се уверите по завршувањето на книгата. Интересен е начинот на прикажување на дејството – случувањата на двата главни лика, Рајан Мајлс и Сара Ендрус, се прикажани во трето лице, а меѓу овие настани е испреплетена приказната на трето лице, чиј идентитет го дознаваме подоцна во книгата и е поврзан со убиството на Мајлсовата жена Миси Рајан.

Да се сака повторно

Да се сака повторно, е само уште еден феноменален роман излезен од перото на маркантната Даниела Стил. Мислам дека нема да бидат потребни многу зборови за авторот, па затоа веднаш ќе преминам на дејството во книгата.

Изабела Сан Грегориа, има сè што некогаш можела да посака: маж од соништата, прекрасен син, модна куќа во Рим, богатство, слава и моќ на кои секој може да ѝ позавиди. Но нејзиниот совршен живот кратко потрајува откако го киднапираат и го убиваат нејзиниот маж. Во истиот миг, целиот нејзин живот се претвара во страдање, страв, закани, многу бессони ноќи. Нејзиниот живот, станува нејзин најголем кошмар.

Повик

Реј Етли е професор по правни науки на универзитетот во Вирџинија. И покрај настојувањата на неговиот татко, почитуваниот судија од округот Форд, во Мисисипи, по завршувањето на факултетот да отворат заедничка адвокатска канцеларија, сепак тој не се пронаоѓа во таквата идеја.

Повикот од неговиот татко, кој боледувајќи од неизлечлива болест ги повикува своите двајца синови во неговата куќа за да разговараат околу наследството, воопшто нема да го изненади. Така Гришам, повторно нè носи во малото гратче Клентон, место каде што се одвиваат настаните во повеќе негови романи, место на судир на острите морални приказни за правниците и нивната безгранична алчност.

Краткиот втор живот на Бри Танер - Стефани Мајер

Многу се израдував кога видов дека ТРИ има направено македонски превод на оваа книга и веднаш си ја земав иако ја имав прочитано на англиски. Краткиот втор живот на Бри Танер, е книга за “вампирскиот живот на Бри Танер, девојче кое е епизоден лик воПомрачување, претставен при борбата на Каленови со армијата на новородени вампири. Со оваа книга целосно е разјаснето дејството во вториот дел од сагата Самрак.

Самата Мајер за овој лик вели: ”Никогаш не сфатив зошто некои од моите карактери продолжуваат да водат самостоен живот, но секогаш сум среќна кога е така... Бри е еден од тие карактери и таа е главната причина зошто оваа приказна е сега во вашите раце...

Page 1 of 8

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter