Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Марина Стевковска

Марина Стевковска

За убивање треба време

За овој автор првпат слушнав неодамна кога на фејсбук бараше луѓе кои ќе ја прочитаат неговата втора книга која сѐ уште не е готова и ќе му кажат што фали. Кога го контактирав, тој ми понуди прво да ја прочитам неговата прва книга за да можам да ја разберам втората. Беше толку великодушен што ми ја испрати да ја прочитам. Почнав да ја читам и не можев да ја оставам.

Мртов човек е пронајден. Застрелан еднаш во главата, еднаш во градите. Сите коски му се искршени. На местото на убиството е пронајден мртов стаорец.

Ова е второ вакво убиство. Уште еден човек е пронајден мртов, малку порано, убиен на истиот начин. Се работи ли за сериски убиец?

Во тек е натпреварот на US Open. Двејн Ричвуд е новата ѕвезда на тенисот. Младо момче кое ги крши сите правила. Црнец, доаѓа од улицата, никогаш не тренирал во елитни школи, никогаш не бил финансиран од спонзори. Самоук, со единствена желба да игра тенис. Сред натпреварот одекнува истрел. Сред публиката една млада девојка паѓа мртва. Таа не е било кој, таа е Валери Симпсон, поранешна тениска ѕвезда која ја загуби кариерата поради нервен слом.

Кога полицијата го проверува телефонот на убиената девојка, последниот повик е упатен на Двејн Ричвуд. Но, тој тврди дека тие воопшто и не се познаваат. Како и би се познавале, црнец од гетото и богата бела девојка. А во тенисот немаш пријатели. Сé е борба за опстанок.

Фатен на дело

Уште едно маестрално дело на Харлан Кобен кое ме остави без здив.

Хејли Меквејд има само седумнаесет години. Таа е добра девојка и гордост на семејството. Едно утро нејзината мајка не ја наоѓа в соба. Го наоѓа само празниот наместен кревет.

Хејли воопшто не си дошла дома претходната вечер.

Три месеци подоцна, сè уште ја нема Хејли. Нејзиното семејство живее со неизвесноста. Сè е подобро од она дека не знаат ништо. Во малото предградие во Њу Џерси почнуваат да се плетат приказни. Сите се сомневаат на најлошото.

Венди Тајнс е новинарка која води емисија за сексуални престапници.

Кога ќе дувне северниот ветер

Предмет: укинување на претплата
Еми Ротнер се обидува да ја откаже претплатата за списанието „Лајк“. Нејзините мејлови поради грешка во спелувањето, завршуваат во електронското сандаче на Лео Лајк. Мејловите се повторуваат, па Лео ѝ обрнува внимание на грешката.

Без предмет
„Среќни божиќни и новогодишни празници ви пожелува Еми Ротнер.“

Девет месеци подоцна, за божиќните празници, Еми праќа циркулаторен мејл до сите контакти во електронската пошта. На е-мејл адресата на Лео Лајк стига електронска порака „Среќни божиќни и новогодишни празници ви пожелува Еми Ротнер“. Заинтригиран од неочекуваниот мејл, Лео го возвраќа поздравот.

Клуб на љубителите на чоколадо

„There is nothing wrong with me that a little chocolate won’t fix.“

Оваа реченица од магнетот на мојот фрижидер ми се чинеше најсоодветна за да ја започнам оваа статија. Додека ја читав книгава, до мене стоеше „Милка“ од триста грама која како се вртеа страниците, сè повеќе се смалуваше. Не може, а да не ви се пријаде додека ја читате оваа книга.

Запознајте ги Луси, Отум, Шантал и Надја. Влезете во нивниот „Клуб на љубители на чоколадо“. Да, добро прочитавте, клуб на љубители на чоколадо. Овие четири пријателки имаат само едно заедничко нешто, љубовта кон чоколадите. Кога било која од нив ќе испрати  СМС порака „Итна потреба за чоколадо“, другите три веднаш оставаат сè што прават и трчаат во нивното светилиште. Собирно место: кафетеријата „Чоколаден Рај“.

Page 1 of 9

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter