• Сакам Книги

    Секогаш и секаде...

  • Книгатае најдобриот и најпријатниот пријател.
  • Читам

    И спијам како бебе...

  • Со книгитеСекогаш доживувам нови авантури...

Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(21 оцени)

Вампирска академија (1 книга)

„Зарем уште една книга во морето на книги за вампири?’’

Тоа беше првото прашање кое си го поставив на самата себеси, очекувајќи уште една книга на сличен начин напишана како во стилот на  „Самрак’’, но со пролистувањето на првите страници, а потоа со читање, не можев, а да не забележам како оваа книга се разликува во многу работи од книгите на Стефани Мајер.

Штом ќе почнеш да ја читаш оваа книга нема да завршиш сè додека не ја прочиташ последната страница, а потоа ќе го продолжиш своето патување низ академијата Св.Владимир, очекувајќи нови и интересни случувања, читајќи ги и останатите делови од сагата Вампирска академија.

Оцена
(81 оцени)

Дувачот на стакло од Мурано - Марина Фиорато

Прекрасна книга во која паралелно се испреплетуваат две приказни, едната е историски сместена во 17 век во Венеција додека другата е модерна и е сместена исто така во градот кој тоне. Оваа книга е неверојатно добар микс од историја, мистерија, уметност, музика, но пред сè е нежна љубовна приказна.

Семејството на Корадино Манин е свирепо елиминирано од политичките ривали, само животот на Корадино е поштеден бидејќи детето покажува неверојатен талент за создавање ремек дела од стакло. Корадино ќе биде заслужен за промовирањето на изработените предмети од стаклото од Мурано како најдобри на светот и затоа Дуждот на Венеција ќе нареди нивната изработка да се чува како државна тајна.

Оцена
(382 оцени)

Голи во смртта - Нора Робертс

Ова е првата од „Во смртта (In Death)“ серијата на Нора Робертс, која ја пишува под псевдонимот Џ.Д. Роб. Книгата ја купив на ланскиот саем во српско издание. Барав криминалистички роман, а она што го прочитав на задниот дел од книгата го привлече моето внимание и решив да ја купам... Дефинитивно не погрешив.

Точно како што пишува на задниот дел од книгата: Совршен баланс на напнатост и врела романса... навистина сјајна забава... секако ќе посакате уште.

Во продолжение, почнувам со она што уште пишува на задниот дел од книгата поткрепено и дополнето со мое мислење.

Оцена
(61 оцени)

Покојниот Матија Паскал - Луиџи Пирандело

Замислете дека се наоѓате во воз и за да ја убиете здодевноста , читате весник. Најобичен дневен весник.

Навидум обичен зашто таа обичност престанува во моментот кога ќе је прочитате сопствената посмртница.

Да. Вие во тој момент дознавате дека сте мртви. Ако ова ве заинтригира, тогаш да продолжиме.

Покојниот Матија Паскал е приказна за бегството, новиот идентитет, за човековата осаменост и еден свет на изместени вредности.

Главниот лик Матија Паскал има отпор кон семејните и општествените норми...

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter