• Сакам Книги

    Секогаш и секаде...

  • Книгатае најдобриот и најпријатниот пријател.
  • Читам

    И спијам како бебе...

  • Со книгитеСекогаш доживувам нови авантури...

Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(47 оцени)

Образование – Аниша Лакхами

Главниот лик на овој роман е Ана Тагерт, млада девојка која штотуку дипломирала на престижниот американски универзитет Колумбија. Двата семестри како стажантка во едно основно училиште во Њујорк се доволни за таа да сфати дека предавањето во училница е нејзина страст и на еден семеен ручек им ја пренесува веста на своите родители дека ќе бара работа како наставничка.

Нејзиниот татко не е сосем задоволен од одлуката на својата ќерка, зашто смета дека таа би можела да најде подобро платена работа, но тој факт не ја спречува Ана, вооружена со тазе диплома и свеж идеализам, да го најде свооето прво вработување во Лангдон Хол, едно приватно нижо средно училиште во Менхетн, познато по своето "прогресивно" образование.

Оцена
(384 оцени)

Полноќен клуб - Џејмс патерсон

Никој не ги познава најранливите делови на градот како њујоршкиот полицаец Џон Стефанович. Тој е во потрага по Александар Сен - Жермен, најмоќниот член на полноќниот клуб - тајно меѓународно друштво на суровите кралеви на криминалот, инаку уважени столбови на бизнисот и општеството.

Патерсон со ова дело не само што создава атмосфера на напнатост и насилство, туку и прикажува елементи на денешното општество кои го прават светот ранлив спрема застрашувачките случувања.

Одличен трилер, воден од желбата за одмазда на смртта на саканата која со секој нареден ден боли повеќе од претходниот и обидот да се спречи криминалот воден од важни членови на општеството.

Веќе некое време ми стоеше на полица книгава и сега видов дека сум згрешила што не сум ја прочитала уште одма.

Оцена
(22 оцени)

Америка

Млад, успешен автор, познат по спектакуларниот „Спектатор“ со кој нè придоби од прва, повторно нè придобива со неговиот втор роман „Америка“, излезен од печат 2006 година. „Америка“ е роман во кој авторот вешто ги плете нишките на вечно неисцрпната тема употребувајќи ги постмодернистичките алатки. Ако очекувате роман за Америка – САД, не, застанете, земете воздух, почекајте, но не брзајте ова е нешто многу подобро од запознавањето со Америка.

Овде се запознаваме со Америка, не на обичен здодевен начин со сликање на портрети, овде запознавањето е вајарство на Кујунџиски. Но само по себе се наметнува прашањето, дали авторот позади имињата на неговите ликови крие некоја друга димензионална конотација која се трудиме да ја пронајдеме и сфатиме читајќи го овој роман или тие се само обични имиња на ликови!?

Оцена
(20 оцени)

Евангелието според Луцифер

Оваа книга ја купив пред 2 год., тогаш ја прочитав и може да кажам дека е интересна акција и мистерија, обожавателите на Ден Браун ќе ја засакаат.

Фин Рајан е млада, археолог и трага по одамна изгубената гробница на еден апостол.

На патот кон Сахара го запознава фотографот Вирџил Хилтс.

Тој ѝ помага да се снајде во новата земја бидејќи на него не му е првпат.

Тие на својата експедиција ќе откријат траги од убиство, антички медаљон, но откриваат и дека не се сами во потрагата.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter